Промоција на „Политички коректна поезија“ од Елена Пренџова

Од:

Поетската книга „Политички коректна поезија“ од Елена Пренџова ќе биде промовирана утре во 12 часот во мултимедијалниот културен центар „Матица ексклузив“ во Скопје.

За најновото дело на младата поетеса што го објави „Матица македонска“ ќе зборуваат Трајче Кацаров и Марина Мијаковска.

За последната стихозбирка, Христо Петрески ќе заклучи: „Станува збор за урбана, сигналистичка поезија, која е специфична и оригинална и според тематско-мотивската носивост и содржина, но и според необичниот графички и визуелен изглед на песните.

Со ова необично и автентично дело, авторката Елена Пренџова е првиот добитник на наградата „Македонска книжевна авангарда“ за 2012 година“.

Елена Пренџова (1985) е автор на стихозбирките „Живот под ѕвездите“, „Пораки од морето“, „Таа“ и „Јас“, како и на „Антологијата на младата македонска авангардна поезија“. Нејзини песни се застапени во панорамски и антологиски избори на современата македонска поезија, објавени во Македонија и во странство. Вo 2012 година ја доби наградата „Најдобар поет“ на првите регионални средби во Брчко, Босна и Херцеговина.

Би можело да ве интересира

На „Браќа Манаки“ преставени кинематограферите Јошио Китагава, Азамат Дулатов и Јошико Такано

Книжевна вечер за Шопов во Друштвото на словенечките писатели pо повод објавувањето на двојазичниот избор „Златен круг на времето“

Македонска филхармонија гостува во Дубровник

Двојазичниот избор „Златен круг на времето“ од Ацо Шопов промовиран во Љубљана

Победничката на UpBeat – Best New Talent Award на фестивалот Звукот на Скопје

Почесна „Златна Камера 300“ за Јанаки Манаки од ИФФК „Браќа Манаки“

Предраг Петровиќ