(ВИДЕО) Македонија и Сомалија се единствените што не спровеле попис во последните 10 години

Од:

Нема политичка волја од власта да се спроведе попис во Македонија, дури и опозицијата скромно ја наметнува оваа тема, поисот е политизиран, а главна причина што во 2011 година, тој пропадна, е заради драматичната бројка од околу 450 илјади граѓани кои се отселиле од државата – беше речено на денешната дебата „Пописот е демократија, а не само етничка бројка!“.

-За пропаднатиот попис од 2011 година, неодамна, во март 2014 имавме изјава од премиерот, дека според неговите информации, офивцијални и неофицијални, дека се случувал фалсификат и дека требало да да се случуваат дури и апсења, но немаме никаква разврска, не знаеме точно колку пари се потрошени, но она што го дознавме со анализите што ги направивме и со интервјуата со експерти, се заклучува дека пописот е исполитизирам, нема соодветна законска рамка, дека постои непочитување на пописната методологија, дека постои недоверба меѓу етничките заедници, односно дека оваа политика не’ направи заложници на етничките бројки, рече Билјана Бејкова од НВО Инфо центарот.

Според Дончо Герасимовски, поранешен директор на Државниот завод за статистика, пописот е нужност и од аспект на меѓународната споредливост и е дел од препораките на меѓународните институции.

-Основно е тоа што сите добиени податоци на пописот служат за натамошно планирање на самата држава во сите сфери на живеење. Не е основниот концепт да добиете само податоци колку сме по одделни националности, проучувајќи ги сите земји и правејќи анализи, се доаѓа до фактот дека во најголем број на земји во светот, не е битен етносто, туку државјанството на граѓаните, рече Герасимовски.

Професорот Абдулменаф Беџети, кој во 2011 беше потпретседател на Централната пописна комисија и еден ден пред почетокот на пописот си даде отказ, откри дека причината за тоа е била што согледал дека немало подготвеност за таа операција.

-Не беше подготвена политичката доверба и политичката волја меѓу тие што го донесоа законот, имаше издвоени ставови во самата централна комисија, а замислете како тоа се одразуваше по вертикала надолу. Политичкиот процес беше толку контаминиран што знаев дека пописот ќе пропадне. Пописот ќе биде многу сложена и политичка операција се’ додека некои уставно загарантирани права ќе се остваруваат врз основа на статистички бројки. Македонија нема капацитет и политичка волја за попис, рече Беџети.

Според Фросина Ременски целата дебата за пописот се сведува на политика, пред се’ од етнички аспект.

-Зошто пописот не беше проблем во 2002 година, а беше проблем во 2011? Во Македонија врвна табу тема се бројките и парите. Ако бројките се тајна, тогаш нема да знаеме за приватизацијата на државното земјоделско земјиште, дали се тоа фантоми земјоделци, легализација на дивоградбите, не можеме да имаме предвид да планираме разумен урбанистички развој, каде да инвестираме во станбени единици. Не сакам пописот да го врзувам само со етничка компонента, зашто граѓаните треба да сфатат дека треба да се заложиме колку за правата, толку и за обврскитеСтранските медиуми велат дека Македонија и Сомалија се единствените земји во светот што немаат спроведено попис во периодот утврден со светската методологија, на 10 години, рече Ременски.

Таа посочи дека европските пристапни фондови бараат бројки заради влегување на тие податоци во проекциите за развој и да се користат бенефициите од развојните фондови.

– Пописот од 2011 година чинел многу повеќе од 14 милиони евра заради погрешните развојни политики, бидејќи врз основа на што се инвестирале пари во различни сфери, рече Афродита Хаџијаха Имери, експерт за социјална вклученост.

Според неа, пописот е најрелевантната алатка за за ранливите групи, затоа големо прашање е како државата носи развојни политики со 30 насто граѓани кои живеат под прагот на сиромаштијата.

Според Бранко Героски, главната причина што немало полититичка волја за пописот е драматиччниот факт што во државата нема доволно ниту Македонци, ниту Албанци.

– Ако според светска банка, од земјава се отселиле над 450 илјади во последните десетина години, тоа говори само за драматично неуспешните политики, рече Героски.

На дебатата била поканета и Благица Новковска, директорка на Државниот завод за статистика, но таа не одговорил на поканата. Дебатите “Попис веднаш“ ги организираат НВО Инфоцентарот заедно со Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО), Центарот за развој на медиуми (ЦРМ) и 8-ми Септември, со финансиска поддршка на Фондацијата Отворено општество Македонија (ФООМ) преку проектот на УСАИД за граѓанско општество.

А.Б.

Би можело да ве интересира

Пратеникот Реџепи ja оспорува Методологијата за пописот oд 2021 година

Горан Наумовски

Директорката на албански ИНСАТ ги отфрли обвинувањата за манипулации со пописните резултати

Апелирам Македонците од Албанија масовно да учествуваат во пописот, порача Мицкоски

А1он

Ревизија на Пописот: Софтверот за дијаспората бил набавен од спонзор за кој не знаеле во министерство за правда

A1on

Васил Стерјовски: Македонците во Албанија се уценети од Софија да се попишат како Бугари

A1on

Симовски: Направивме попис, но последниве четири години немаме вработено ниту еден човек, а напуштија повеќе од 100

Маја Илиевска-Пачемска