Вељаноски се сретна со делегација на британскиот Парламент

Од:

Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски денеска оствари средба со Делегација на Парламентот на Обединетото Кралство, Велика Британија и Северна Ирска составена од пратениците Карен Ламли, Стјуард Ендру, Клајв Бетс и Џема Дојл, членови на Групата за соработка со Република Македонија, како и со амбасадорот Чарлс Едмунд Гарет.

Оваа посета, како што се наведува во соопштението од Кабинетот, претставува уште една потврда за добрите односи и искреното пријателство помеѓу Република Македонија и Обединетото Кралство, како и желба за понатамошна соработка и поддршка.

Вељаноски ја истакна досегашната одлична соработка и реализираните средби со официјални претставници од Обединетото Кралство. Притоа беше изразено задоволство од успешно реализираниот проект на Вестминстер фондацијата за демократија за „Зајакнување на парлалментот и демократијата“.

На средбата стана збор за темите кои се од исклучителна важност за Република Македонија, членството во НАТО алијансата и интеграцијата во Европската унија.
Претседателот на македонското Собрание истакна дека постои сериозна подготвеност од страна на Република Македонија за побрзо членство и интеграција, особено поради тоа што истите би резултирале со поголем економски просперитет на државата и подобра општествена состојба на граѓаните. Исто така, претседателот Вељаноски изрази дека очекува и се надева на поддршка од страна на Обединетото Кралство имајќи го во предвид НАТО самитот кој ќе се оддржи во Велс во септември 2014 година.

На средбата стана збор за моменталното отсуство на опозицијата од Собранието, при што Вељаноски изрази волја за надминување на сите спорни прашања и искрена желба за нивно активно учество во работата на Собранието.

Карен Ламли, како претседавач на Групата за соработка со Македонија на Обединетото Кралство, Велика Британија и Северна Ирска рече дека Република Македонија останува да биде високо на нивната агенда. Притоа беше искажано задоволство поради учеството на македонски армиски трупи во мировните опрации во Авганистан.

Вељаноски и неговите гости разговараа и за посветеноста кон економскиот развој на Република Македонија, како и за подготвеноста и желбата за побрзо решавање на спорот за името.

Би можело да ве интересира

Левица: Африм Гаши, уценет од ВМРО-ДПМНЕ, илегално ја поништи закажаната Надзорна расправа за Кочани

Собранието ги донесе реформските закони за дигитална трансформација

На 9 јули пратениците ќе расправаат за интерпелацијата за претседателот на Уставниот суд

Здравковски: Охрабрувачки е фокусот на Владата кон младите

Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот без присуство на мнозинството донесе одлука за одржување Надзорна расправа за трагедијата во Кочани

Пратениците ја изгласаа Фискална стратегија на Република Македонија за 2026 – 2030 година

Горан Наумовски