Македонската филхармонија вечер првпат од своето постоење ќе одржи концерт во Дебар, од 20 часот во Центарот за култура. По долго време, Филхармонијата утре ќе гостува во Струга.
Настапите се во рамки на востановената практика на Филхармонијата, по завршувањето на концертната сезона да одржува концерти низ градовите во Македонија.
Под водство на диригентот Борјан Цанев, оркестарот ќе изведе дела од Дворжак, Брамс, Маскањи, Офенбах…
Планирано е и гостување во Валандово, а потоа следуваат настапите на Филхармонијата на фестивалот „ Охридско лето“.