Индија е заитересирана од гасоводот што ќе пренесува руски гас до Кина, да биде издовен крак и до индиските граници, за што Њу Делхи планира да започне приговори со Пекинг и Москва, јавија индиските медиуми.
Новата индиска Влада сака да го зголеми бројот на извори на енергенси за земјата, па затоа во текот на престојниот самит на земјите од БРИКС, Индија со Кина и Русија ќе го разгледа прашањето за продолжување на гасоводот.
Рускиот претседател Владимир Путин ќе ја посети Индија во текот на втората половина од годината, при што се очекува една од главните теми на разговор со неговите домаќини да биде и прашањето за изградба на крак од гасоводот кон индиска територија.