Судот за тешки криминални дела во Турција денеска ослободи 25 обвинети лица во повторениот судски процес за операцијата „Чекан“ со која е спречен заговорот за воен удар.
Ослободените се дел од 88-ѕе лица за кои Касацискиот суд во октомври 2013 година се изјасни за повторување на судскиот процес против нив.
За заговорот за воен удар се осудени воени лица поради „обид за дестабилизација“ на Владата на премиерот Реџеп Таип Ердоган со организирање на серија напади во џамии, па до соборување на турски воени авиони при судир со грчкото воздухопвство, со цел да се создаде хаос.
Според обвинението заговорот бил подготвуван во 2003 година од воени офицери, незадоволни од тоа што Партијата на правдата и развојот во 2002 година ја освои власта.
Во септември 2013 година судот во Силиври, во близина на Истанбул осуди 326 офицери на затворска казна од 13 до 20 години, кои се изјаснија за виновни за обидот за воен удар.
Уставниот суд на Турција минатата недела објави дека биле прекршени правата на 236 армиски официри, кои беа осудени за „Чекан“, со што е овозможен повторен судски процес против нив.