Новинари на Ал Џезеира, Австралијанецот Петер Грест, Мохамед Адел Фахми кој има египетско-канадско потекло и Египќанецот Бахер Мохамед, кои пред шест месеци беа уапсени во хотелот во кој работеле и известувале за немирите во Египет, се осудени на затворски казни пренесе „CNN“.
Грест и Фахми се осудени на седум години затвор, додека Мохамед добил десет поради поседување на оружје.
Египетските власти ги обвинија за ширење невистини, како и за поврзаност со организацијата Муслимански браќа, која според властите е терористичка.
Тие го негираат обвинението и тврдат дека само ја извршувале својата работа, која вклучува контакти со сите страни во приказната, па така и со Муслимански браќа.
Е. Г.