Поетска манифестација „Празник на липите“

Од:

Во Друштвото на писателите на Македонија денеска ќе се одржи меѓународната поетска манифестација „Празник на липите“.

Во рамки на манифестацијата ќе им бидат врачени наградите „Книжевен жезол“ на македонскиот поет Бранко Цветкоски и поетот од Босна и Херцеговина Абдулах Сидран. Наградите ќе ги врачи претседателот на ДПМ Веле Смилевски, а за творештвото на Цветкоски и Сидран ќе зборуваат Илија Велев и Соња Стојменска Елзесер.

Манифестацијата ќе ја отвори претседателот на Организацискиот одбор Владимир Мартиновски, а покровителот на „Празникот на липите“, градоначалникот на Скопје Коце Трајановски, ќе ја испрати традиционалната Порака до Скопјани.

Градоначалникот Коце Трајановски гостинот од БиХ Абдулах Сидран ќе го прогласи за почесен поет на Скопје. На поетскиот митинг ќе настапат 28 поети со стихови посветени на Скопје.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска