Умен потег: Екмеледин Ихсаноглу

Од:

Опозицијата избра свој кандидат.

Кој е Исханоглу? Да ви го претставам.

Неговото семејство потекнува од Јозгат (округ во централна Анадолија), а тој е роден во Каиро. Татко му бил најдобар пријател со Мехмет Акиф, поетот кој го напишал текстот за турската државна химна. Татко му бил толку близок со Акиф, што емигрирал во Египет заедно со него.

Тоа е причината поради која е роден во Каиро.

Исханоглу многу добро го познава исламскиот свет. Одлично е запознат со исламската уметност и исламската историја.

Ги познава постигнувањата на Османлиите во областа на науката. Многу добро е запознат со османлиската историја.

Тој е умерен, го владее јазикот на дипломатијата и е ценет во сите кругови. Дали сите овие квалификации ќе бидат доволни за Исханоглу да биде избран за првиот претседател на Турција кој дошол на оваа позиција преку избори? Не знам, нема како да го знам тоа.

Но, има нешто што знам: опозицијата обединета околу неговото име направи многу мудар потег. Дури можам да го кажам и следното: Тие го направија најдоброто можно. Зошто?

Да ви објаснам. Името Исханоглу не звучи непријатно во ушите на избирачкото тело на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП). Тие нема да можат да ги консолидираат силите против него.

Националистите, конзервативците, старите десноцентристи, османлистите – тие нема да се ориентираат кон кандидатот на АКП, велат самите тие. Тој човек е претерано лев, тој е странец, далеку е од Анадолија, сосема на настрана е од национализмот. Тоа е затоа што Исханоглу е близок до десниот центар, тукашен е, навистина е од Анадолија, и е национално познато име.

Социјалдемократите и ултранационалистите, кои претходно не можеа да го проголтаат името на Мансур Јаваш (кандидатот на Републиканската народна партија (ЦХП) за градоначелник на Анкара, кој тогаш беше спомнуван како потенцијален претседателски кандидат), можеби нема да го проголтаат ниту името на Исханоглу. Но, додека стои дилемата „Ердоган или Исханоглу“, нема ништо друго да сторат освен да го изберат Исханоглу. Освен тоа, којзнае, како што точно се покажа дека го засакаа Мансур Јаваш, на истиот начин може да го засакаат и Исханоглу – кога ќе го запознаат.

Од гледна точка на Курдите кога ќе погледнеме кон Исханоглу, името не му е такво за да предизвикува антипатии кај нив. Не знам дали ќе го опсипат со топли чувства. Тврдам дека Исханоглу не е име кое автоматски ќе ги одвлече од противничкиот кандидат.

Најголемиот недостиг на Исханоглу во моментов е дека луѓето не го познаваат како што треба. Дури процентот на оние кои можат правилно да му го изговорат името е мал… Тој ќе треба да направи исклучителни усилби за да го запознае општеството со себеси.

Најголемата предност е што има потенцијал да ги обедини сегментите против Ердоган.

Најголемата слабост може да се покаже недостигот од медиуми кој ентузијастички ќе го подржат. Не постои весник, телевизија, веб страна или „басеин“ (така во Турција ги нарекуаат медиумите кои ја подржуваат владата).

Неговата најдобра црта е смирениот карактер. Неговата најголема дилема е дека нема време и средства да се претстави себеси како подобен.

Најголемата предност му е што татко му бил близок со Акиф, а тој самиот го следи истиот пат.

Најголема среќа му е што е близок со Блискиот исток и го познава исламскиот свет.

Иако е „конзервативен“, би можел да изгледа и доста „елитистички“ за нашите луѓе. Неговиот најголем испит ќе биде дали ќе успее да се идентификува со кемалистичките, со левичарските, социјалдемократските или алавитските гласачи, и дали ќе биде исто толку компетентен колку што се покажа Мансур Јаваш во таа смисла.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ