Австралија ќе ги затвори границите за џихадистите

Од:

Во заеднички план помеѓу шпионските агенции и царинската служба, Австралија ќе ги затвори границите за потенцијалните џихадисти, кои имаат намера да се вратат во државата или да ја напуштат, за да им се приклучат на сириските и ирачките терористички групи, пренесе „Дејли телеграф“, повикувајќи се на информациите дека шефовите на царините ќе добијат посебни контраразузнавачки информации.

Тоа се прави со цел да не се повтори грешката од минатата година, кога осудениот терорист, Калед Шаруф побегна од државата со пасошот на својот брат. По овој инцидент, министерот за доселенички прашања, Скот Морисон и државниот правобранител побараа итна проверка на граничните процедури. Се верува дека во тек на проверката, беа пронајдени повеќе „дупки“ во осигурувањето, од блокади на аеродромот, па се до австралиската шпионска служба АСИО.

Минатата недела првиот министер, Тони Абот рече дека агенциите за заштита на границите се подготвени , бидејќи 150 Австралијанци за кои постои сомневање дека се борат во Сирија или Ирак, имаат намера да се вратат во Австралија, но и дека имаат соработници кои се обидуваат да ја напуштат државата и да им се приклучат. Во врска со тоа, веќе се откажани повеќе од 50 патни исправи.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Австралија: Медицински работници тврдат дека убиваат израелски пациенти

Горан Наумовски

Повеќе од 25.000 домови во Австралија без струја поради невреме

Откриен нов вид пајак: Нема противотров за него

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Се урна мал авион во Австралија, тројца загинати

А1он

Двајца морнари загинаа во одделни несреќи на трката Сиднеј-Хобарт

(ВИДЕО) Запалена е синагога во Мелбурн, внатре имало верници, има и повредени

Горан Наумовски