Австрискиот министер за одбрана Гералд Клуг ја критикува неефикасната одбранбена политика на Европската унија, оценувајќи дека Европа во моментот има големи потешкотии во гарантирањето на безбедност на своите членки.
Тој во соопштението, пред утрешниот 2. Берлинска стратешка конференција, каде ќе има обраќање за европската безбедносна политика, наведува дека со 190 милијарди евра земјите-членки на ЕУ имаат поголеми трошоци за одбрана отколку Кина, Русија, Индија и Бразил заедно.
– Меѓутоа не сме во состојба да ја изведеме на улица таа коњска сила, истакнува Клуг.
Тој истакна дека досега добро се живеело под заштита на САД, но оти американските интереси јасно се движат кон Азија, поради што Европа мора да преземе одговорност за сопствената безбедност. Клуг тврди дека за тоа има средства, но оти е потребна политичка волја.
– Поуките од актуелните конфликти – Украина и Сирија се јасни, а тоа е дека ниту една држава-членка на ЕУ сама не може да ги совлада предизвиците. ЕУ мора безбедносно-политички да се еманципира, посочи Клуг, додавајќи оти се уште недостигаат способности во областа на кибер одбраната, транспортот и безпилотните летала.