Тимот на Мајами Хит поведе со 1-0 во конференциското Финале против Бостон Селтикс, откако синоќа забележа убедлива победа од 93:79.
Домаќините од Флорида до победата ги предводеше Леброн Џејмс со 32 поени, 13 скокови и три асистенции.
Голема помош во играта Џејмс доби од Двејн Вејд и Шејн Батие кои покрај најефикасниот на натпреварот, беа единствените играчи на Мајами со двоцифрен број на поени.
Вејд натпреварот го заврши со 22 поени, седум асистенции и три скока, додека Батие имаше двоен ефект од 10 поени и исто толку скока.
Мајами натпреварот го реши во третата четвртина, откако по првиот дел резултатот беше израмнет 46:46, во третата четвртина Мајами стекна предност од 11 поени.
Бостон на оваа средба имаше само тројца расположени играчи, Кевин Гарнет (23 поени и 10 скока), Ражон Рондо (16 поени, девет скока и седум асистенции) и Пол Пирс (12 поени).
Мајами и Бостон вториот натпревар ќе го одиграат во среда, додека во вторник навечер на програмата е вториот натпревар од финалето во Западната конференција помеѓу Сан Антонио и Оклахома, Спарс во оваа серија водат со 1-0.