Египетскиот претседател нареди до 18. јули да почне подготовка на парламентарните избори во земјата

Од:

Египетскиот претседател Абдел Фатах ас Сиси нареди до 18. јули да почне подготовка за спроведување на парламентарни избори во земјата, јави Египетската телевизија.

Датумот на изборите и повеќе детали за нивното спроведување не се објавени. Изборите претставуваат трета, финална фаза од транзицијата во Египет по соборувањето на исламистичкиот претседател Мохамед Морси од армијата, пред околу една година.

Согласно објавената „патна карта“ во Египет беше изработен и усвоен на референдум нов Устав, по што земјата избра и нов претседател.

Би можело да ве интересира

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро