Промовирана книгата „Дневникот на хулиганот“ на Сашо Димоски

Од:

Во велешкиот Народен театар синоќа беше промовирана книгата „Дневникот на хулиганот“ на Сашо Димоски, а актерот Васил Зафирчев на сцена изведе перформанс.

По изведбата на перформансот на Зафирчев, авторот Димоски им ја потпишуваше книгата на читателите кои го купија неговото дело.

– Кога книгата некој ја вградува како уметност, тоа е растење внатре во душата и тоа за мене се прекрасни чувства, потенцира Димоски.

Промоцијата и перформансот се дел од мултимедијалниот проект, кој е во копродукција на „Арт-Маркетинг“ и „Тулип Про“.

Ова е трета промоција на книгата на Димоски. Книгата досега се промовираше пред публиката во Скопје и Битола, а по Велес ќе биде промовирана и во Охрид и повторно во Битола. Од септември ќе се продолжи со промоција  и во другите градови во Македонија.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска