Почнаа да пристигнуваат учесниците и натпреварувачите кои ќе земат учество на Европското првенство во спортска ориентација за млади. Во Струмица деновиве пристигнаа репрезентациите на Украина, Португалија, Германија, Русија, Полска, Шпанија, кои веќе интензивно тренираат по градските улици но и малиот и големиот градски парк а тренинзи одржуваат и на локалитетот „Суви лаки“.
До 25 јуни во Струмица секојдневно треба да пристигнуваат селекциите чии натпреварувачи во машка и женска конкуренција до 16 и 18 години ќе се појават на патеките во Струмица и „Суви Лаки“ предвидени за Европското натпреварување. Свеченото отварање е предвидено на 26 јуни кога во Струмица ќе биде одржана и првата трка во претпладневните часови. Вечерта треба да биде дефилето на сите 34 репрезентации кои ќе земат учество на шампионатот а свеченото отварање ќе биде пропратено со повеке музички сценски точки и огромен огномет а ќе бидат пуштеии и над 300 светлосни балони
„Привршуваме со подготовките. Репрезентациите секојдневно пристигнуваат и се сместуваат во хотелите. Станува збор за бројка од околу 500 натпреварувачи стручни штабови и преставници на селекции на кои треба да им се овозможи се во поглед на тренинг и објаснвуање. Паралелно ушто толку натпреварувачи (500) ни пристигаат и за Струмица Опен трките. Така што верувам дека четврток петок сабота и недела ние, но и струмичани ќе бидеме добри домаќини како на Еврошампионатот така и за трките за Струмица Опен“, велат од организациониот одбор на Шампионатот.
Според програмата во четврток претпладне е првата трка за Европското натпреварување, напладне е трката за „Струмица опен 2014“, а вечерта околу 22 часот е ноќната трка во спортска ориентација.
Во четврток на повеќе јавни локации во градот ќе бидат поставени контролни точки и знаменца кои натпреварувачите треба да ги откриваат и да стасат на целта а тоа е плоштадот „Гоце Делчев“ во Струмица.