Меркел: Мировниот план на Порошенко е добра основа за политичко решавање на конфликтот

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел го оцени мировниот план, претставен од украинскиот претседател Петро Порошенко, како добра основа за политичко решавање на конфликтот во источниот дел на земјата, истакна портпаролот на германската Влада, Штефен Зајберт.

– Канцеларката ја поздрави изјавата на претседателот Порошенко за прекин на огнот. Треба да им се стави крај на страдањата на жителите од југоисточните реони на Украина, нагласи Зајберт.

Истовремено, Меркел ги повика сите страни да го почитуваат примирјето.

Таа е убедена дека „сега е вистинско време да се најде политичко решение за кризата и мировниот план на украинскиот претседател е многу добра основа за тоа“.

Украинската Влада вети дека ќе направи се што зависи од неа за успешно спроведување на мировниот план.

Би можело да ве интересира

Умеров: Украинската армија се вклучи во борба со севернокорејските сили

Украина го изврши првиот напад врз севернокорејските војници во областа Курск

Украинската армија собори 50 беспилотни летала

Петмина повредени во гранатирањето на Харков

Руските трупи го гаѓаа Харков со балистичка ракета

Орбан: Трамп може да ја запре војната во Украина