ФОТО: Идентификувани четворица од петте момчиња кои загинаа кај Белград

Од:

Пет момчиња загинаа во стравична сообраќајна несреќа на обиколницата на Белград, кај Батајница.

Несреќата се случила околу три часот и 30 минути по полноќ, ноќта помеѓу четвртокот и петокот, кога автомобилот „Ауди А3“ во кој биле момчињата, со голема брзина влетал во делот од патот кој поради градежни работи е затворен и се забил во надвозникот кој не е завршен.

batajnica4

Откако возачот ги поминал барикадите, возел некои 400 метри, пред да забележи дека патот не е асфалтиран.

batajnica02

Се обидел да застане, бидејќи трагите на кочење биле долги околу 80 метри, но не успеал. Автомобилот удрил во надвозникот, а од силниот удар, момчињата излетале низ возилото.

batajnica0

Целиот преден дел на „Аудито“ е потполно смачкан, делови од возилото се на сите страни.

Акумулаторот е најде на 50 метро од местото на несреќата. Автомобилот е буквално на парчиња.

batajnica3

Стрелката на мерачот на брзината кој исто така испаднал од возилото, стои на 220 километри на час.

batajnica01

На местото на несреќата загинале 19-годишните Лука Бојовиќ, Петар Илиќ и Томислав Савиќ и 20-годишниот Ѓуро Роквиќ. Идентитетот на петтиот загинат е се уште непознат. Возилото припаѓало на Ѓуро Роквиќ, но не е утврдено кој го управувал кобната вечер.

batajnica2 batajnica1

kurir-info.rs

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тешка сообраќајна несреќа во Србија: загина тинејџер, 36 повредени

Катерина Ѓуровски

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници