Гимназијата НОВА домаќин на 16. светски образовен семинар „Глобал конекшнс“

Од:

Шеснаесеттиот светски образовен семинар „Глобал конекшнс“ (Global Connections), организиран од истоимената фондација од САД, годинава првпат ќе се одржи во Македонија, а домаќин ќе биде меѓународната гимназија НОВА во Скопје.

Покрај во Македонија, семинарот ќе се одвива и во Грција и на грчкиот и на турскиот дел од Кипар. Тема на семинарот е „Образование на мирот: Одлична едукација и учители за мир”.

Во рамки на програмата на семинарот, од денеска до 24 јуни во Скопје и во Охрид ќе бидат организирани низа активности, меѓу кои се најавени и приеми на учесниците кај претставници на државниот врв и средби со претставници и експерти од образование, култура, труд и социјална политика и евроинтеграции. Од 24-ти до 30 јуни семинарот „Глобал конекшнс“ ќе продолжи со активности во Солун и во Никозија.

– Семинарот овозможува глобално поврзување на директорите на училиштата ширум светот и средби со лидерите во образованието од напредните и богати училишта, со оние посиромашните. Целта е создавање интернационална образовна мрежа која ќе промовира партнерство и размена на искуства. Гости на семинарот се директори на основни и на средни училишта, од најбогатите во Америка, па сè до најсиромашните во Африка, но еднакво посветени на својата заложба: градење меѓукултурни партнерства и кревање на глобалната свест за значењето на образованието. Во групата има 34 директори од 17 различни држави, од сите пет континенти, соопшти НОВА.

„Глобал конекшнс“ е светска организација на лидери во образованието од сите сектори, основана од Питер Пелхам. Од 1997 секоја година се одржува ваков тип на семинар на различен континент.

Би можело да ве интересира

Владата дава еден месец попуст од 10 до 15 отсто за моливи, боици, ранци, тетратки…

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование