Во Србија сменети од функција сите шефови на управи во полицијата

Од:

Сите шефови на управи во полицијата ќе бидат сменети, изјави денеска премиерот на Србија Александар Вучиќ по седница на Бирото за координација на службата за безбедност на која се разговараше за проблемите во полицијата, јави Танјуг.

– Донесовме одлука…во согласност со иницијативите на министерот за внатрешни работи, а согласност даде и директорот на полицијата. Сите шефови на управи во полицијата ќе бидат сменети, а на нивно место ќе бидат назначени привремено нивните заменици, изјави Вучиќ.

Тоа, како што нагласи е единствен начин и сменетите лица ќе продолжат со работа во полицијата. Тоа според него, е резултат на објективната ситуација во која „полициските служби почнаа да се занимаваат сами со себе, со политика и се под големо влијание врз медиумите“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тешка сообраќајна несреќа во Србија: загина тинејџер, 36 повредени

Катерина Ѓуровски

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници