Кина на четири нови локации ќе бара нафта во Јужното Кинеско Море

Од:

Според официјални податоци, објавени на порталот на кинеската Управата за безбедност на морето, објавени во Пекинг, Кина ќе ги испитува резервите на нафта и гас во спорните води на Јужното Кинеско Море на уште четири нови локации.

Кина ја превзема оваа акција само по два месеци од поставувањето на првите платформи за нафта во територија што за своја ја смета и Ханој, а овој чин предизвика крвави антикинески нереди во Виетнам и затегнатост во односите меѓу двете држави..

Според објавените координати за локациите на новите платформи, само една е во близина на кинескиот брег, но една е во морските води на кои право на сувереност полага и Тајван. Тајван повеќе од 20 години има прогласено сувереност над група корални острови и спрудови што се наоѓаат во морскиот простор меѓу Тајван и Кина.

Кинеската Управа за безбедност во морето не објавува во чија сопственост се бродовите и платформите што се упатени на локациите каде што ќе ги истражуваат резервите на нафта и гас, но се прецизира дека операцијата треба да започне најдоцна до 12 август годинава.

Би можело да ве интересира

Стојановски: Се очекува утре изутрина да има нормализиран автобуски превоз во Скопје

Горан Наумовски

Шведската полиција откри кинески брод во близина на можна саботажа на два кабли на Балтикот

На средбата со Бајден, Си оцени: Односите меѓу САД и Кина останаа стабилни

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кина: Студент со нож убил најмалку осум лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Со автомобил влетал во толпа луѓе: 35 загинале, 43 се повредени

Суперсилите ги здружија силите: Кина и Русија договорија заедничко делување за стратешки прашања