Шведска има донесено најмногу позитивни одлуки на азилантски барања во 2013 година од сите земји-членки на Унијата, јави дописникот на МИА од Гетеборг.
Вкупно биле одобрени 26.395 барања за азилантска заштита во Шведска, а веднаш зад неа на листата се Германија со 26.080 и Франција со 16.155 прифатени азиланти.
Вкупно биле одобрени над 135.000 азилантски барања во 28-те земји-членки на ЕУ во текот на минатата година, според најновите податоци од Еуростат.
Најголем број азиланти во 2013 година дошле од Сирија, 25 проценти, од Авганистан 12 проценти и од Сомалија 7 проценти.
Најмалку позитивни за прием на нови азиланти биле надлежните органи во Естонија, кои лани признале само 10 азилантски барања, по што следат Хрватска со 25 и Летонија со 35 одобрени барања за азил.