И денешниот завршен ден на фестивалот Македокс почнува во МКЦ со утринско кафе и разговор со авторите Небојша Слијепчевиќ и Вања Јамровиќ. Веднаш потоа во 11 часот, во Куршумли ан ќе се одржи работилница на продуцентот Катриел Шори од Израел.
Во Младински културен центар, денеска во 12 часот ќе биде прикажан филмот „Гангстер те сака“ во режија на Небојша Слијепчевиќ и со тоа ќе почне последниот ден од петтото издание на фестивалот на документарен филм „Македокс“.
Во 19 часот, во џепното кино, на филмското платно во МКЦ ќе се прикажува полскиот филм „Татко и син“ на Павел Лозински, откако претходно во 18.30 часот во Куршумли ан посетителите ќе имаат можност да муабетот со Ноеми Шори и Катриел Шори во рамки на фестивалските разговори насловени „Под смоква“. Филмскиот репертоар продолжува со полскиот филм „Јоана“ од Анета Копач, додека во 20 часот во Куршумли ан ќе бидат доделени наградите на фестивалот. Главната награда „Кромид“ ќе ја добие најдобриот филм во меѓународната натпреварувачка програма, а ќе биде доделена и награда за најдобар филм за деца и млади, за најдобар филм на нов автор и специјална награда за филм со најдобри етнички идеи.
За крај, во 21 часот во Куршумли ан ќе биде прикажан филмот „Среќа“ на Томас Балме.