Награди за најдобрите матуранти

Од:

Најдобрите 24 матуранти–првенци на генерацијата 2010/2014 година од 21 средно училиште добија   признанија и парични награди, на традиционалната манифестација „Средба меѓу првиот и најдобрите“, што се одржа денеска во Драмскиот театар.

Секој млад човек треба да верува во себе и во својата цел и тогаш успехот е сигурен, рече првенецот од СУГС „Владо Тасевски“ Живко Јанев, кој се обрати во име на добитниците на признанијата.

Се заблагодари до Град Скопје за вниманието кон првенците матуранти преку манифестацијата, како и за поддршката од родителите, професорите и директорите на училиштата.

Градоначалникот на Скопје Коце Трјановски, при доделувањето на наградите,  истакна дека првенците на генерација градат успешна иднина и достигнуваат врвни резултати на патот на својот професионален развој.

– Вие веќе сте ја осознале најголемата вредност и потврда за човековиот развој, а тоа е учењето и знаењето. Најважниот мотив и инспирација за создавање и творење во животот произлегува од задоволството кое го наоѓаме во учењето и работата, во резултатите од нив, како и во значењето на тие резултати за нас и општеството. Ценам дека најважната задача на секоја образовна институција е кај Вас учениците да ги развиваат и јакнат благородните творечки и креативни сили. Тоа е патот до најголемиот дар и признание што човек може да го поседува, а тоа е знаењето, рече Трајановски.

Добитници на награди и признанија се: Кристијан Ристоски од СУГС „Здравко Цветковски“, Ирина Стефановска од СУГС „Марија Кири-Склодовска“, Глигор Мицајков од СУГС „Јосип Броз-Тито“, Сара Урошевска од СУГС „Кочо Рацин“, Ева Палчевска од СУГС „Георги Димитров“, Ана Јаневска од СУГС „Браќа Миладиновци“, Ибрахим Љокмани од СУГС „Боро Петрушевски“, Габриела Стефановска од СУГС „Никола Карев“,Ненад Велјановски од СУГС „Михајло Пупин“, Бранкица Ангелковска од СУГС „Панче Арсовски“. Меѓу наградените се и Јовица Тодоров од СУГС „Д-р Панче Караѓозов“, Нада Божиновска од  СУГС „Орце Николов“, Арбен Османи од СУГС „Зеф Љуш Марку“, Анита Антиќ од СУГС „Арсени Јовков“, Даниел Вангелов од СУГС „Лазар Танев“, Светомир Герасимовски од СУГС „Лазар Танев“, Јована Крстевска од СУГС „Раде Јовчевски-Корчагин“, Живко Јанев од СУГС „Владо Тасевски“, Христина Давидовска од СУГС „Димитар Влахов“, Баки Бајрами од СУГС „Цветан Димов“, Славче Спасовски од СУГС „8 Септември“, Бесир Нуредини од СУГС „8 Септември“ и Александар Линин  од СУГС „Васил Антевски-Дрен“.

Во  рамки на манифестацијата,  претходно, во организација на Секторот за локален економски развој на Град Скопје, за првенците на генерација и за ученици матуранти коишто покажале успеси во текот на школувањето, се реализираше и традиционалната  еднодневна наградна екскурзија „По стапките на творците на градот“.

Би можело да ве интересира

Владата дава еден месец попуст од 10 до 15 отсто за моливи, боици, ранци, тетратки…

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование