Осомничен чувар во нацистички концентрационен логор е уапсен во САД

Од:

Полицијата во градот Филаделфија, во американската сојузна држава Пенсилванија, уапси 89-годишен маж, осомничен дека бил чувар во концентрациониот логор Аушвиц за време на Втората светска војна.

Јохах Брејер, поранешен механичар роден во некогашна Чехословачка од мајка Американка, се јави кусо пред локален суд кој го одби неговото барање за ослободување со кауција поради сериозноста на криминалното дело за кое што е обвинет.

Брејер признал дека на 17 години се приклучил кон нацистичките сили Вафен СС, но демантираше дека бил чувар во Аушвиц, кој што се наоѓа во Полска.

По војната тој емигрирал во САД каде што се оженил и сега има деца и внуци.

Против него американското правосудство покранало 158 обвиненија за помагање при извршување на нацистички злосторства. Тој е уапсен по барање на германската Влада.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија