Бројот на сириските бегалци во Турција надмина еден милион лица, изјави денеска турскиот вицепремиер Бешир Аталај.
На прес-конференција во Анкара тој прецизираше дека бројот на Сиријците, кои што се сместени во бегалските кампови и во различни турски градови, достигнал 1,05 милиони лица.
Анкара води политика на отворени врати кон бегалците од Сирија, каде продолжува конфликтот меѓу силите на претседателот Башар ал Асад и бунтовниците.