(ВИДЕО) СП 2014: Преживеаните рудари инспирација за чилеанските репрезентативци

Од:

Чилеанските рудари кои беа заробени под земја цели 70 дена по несреќата во 2010 година, снимија мотивациски спот преку кој им објаснуваат на своите репрезентативци како да го надминат предизвиците во „Групата на смртта“.

– На ова исто место бевме заробени 70 дена. Земјата не проголта. Тогаш моравме да покажеме од што сме направени. Затоа сакаме да ја понесеме оваа земја во Бразил на теренот на кој нашата репрезентација се подготвува. Да ни даде надеж и сила и да покаже на светот дека за Чилеанците ништо не е невозможно. Шпанија е силна? Холандија е силна? Не се плашиме од групата на смртта. Не се плашиме од смртта, бидејќи веќе ја победивме, е пораката од рударите.

Чилеанските фудбалери ги послушаа своите сонародници и со две победи по првите две кола ја поминаа групата на смртта и се пласираа во осминафиналето од Светското првенство во Бразил.

По две кола во Б групата Холандија и Чиле водат со 6 бодови, а Австралија и Шпанија се без освоен бод.

Би можело да ве интересира

Земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала го погоди централниот дел на Чиле

Силен земјотрес го погоди Чиле

Земјотрес со јачина од 5,5 степени го погоди брегот на Антофагаста во Чиле

Силен земјотрес регистриран во Чиле

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди Чиле

Чиле го погоди земјотрес со јачина од 4,5 степени