Ѓоковиќ: Мареј го заслужи трофејот

Од:

Новак Ѓоковиќ по поразот во финалето на US Open изјави дека Енди Мареј ја заслужил Грен слем титулата.

Мареј го совлада Ѓоковиќ во Њујорк по пет сетови игра со 7:6, 7:5, 2:6, 3:6, 6:2.

„Разочаран сум поради поразот, но длабоко во себе знам дека дадов максимум. Дадов се од себе да се вратам во мечот и да победам, но имав голем противник. Заслужи да го освои Грен слемот повеќе од било кој, поради тоа што оваа година беше најдобар. И порано беше многу бликсу до трофејот. Сега успеа и би сакал да му честитам. Среќен сум поради него“, изјави Новак.

„Беше напорно и за двајцата да играме во такви услови. Имаше моменти кога и двајцата правевме многу неизнудени грешки, но имаше и одлични поени. Различни беа условите на двете страни на теренот, затоа што не е исто да играш против ветрот и со него, но исто ни беше и на двајцата. Клучен момент беше почетокот на 5-от сет. Не смеев да дозволам два брејка по ред. Потоа ми беше многу тешко да се вратам“, додаде вториот тенисер на светот.

На прашањето како ќе се опорави по поразот во финалето на US Open, Ѓоковиќ рече:

„Ми требаат денови без тенис“.

Би можело да ве интересира

Енди Мареј е новиот тренер на Новак Ѓоковиќ

Карлос Алкараз го победи Андреј Рубљев во второто коло на завршниот турнир во Торино

ВИДЕО: Рубљев збесна – се удираше и се раскрвави со рекет

Предраг Петровиќ

Синер: „Многу тешка ждрепка“

Предраг Петровиќ

Синер преку Ѓоковиќ до титулата во Шангај

Новак во полуфиналето на Шангај-посилен од енергичниот Чех