Турски суд ги осуди на доживотен затвор двајцата преостанати живи раководители на воениот удар од 12 септември 1980 година.
Судот во Анкара ги прогласи за виновни 96-годишниот Кенан Еврен, претседател на Турција (1980-1989) и 89-годишниот Тахсин Шахиккаја, командант на ВВС (1978-1983) за злосторство против државата.
Воениот удар од 12 септември 1980 година е трет по ред воен удар во историјата на современа Турција. По тој удар, армијата имаше уште едно вмешување кога во 1997 година ја принудија Владата на Неџметин Ербакан да поднесе оставка. По превратот во 1980 година педесет луѓе беа убиени, 600.000 уапсени, десетици ги загубија животите поради измачувања, а голем број други беа прогласени за исчезнати.