Синодот на Бугарската православна црква се противи на одржување геј парада закажана за 21 јуни во Софија. Црквата соопшти дека таа парада „широко пропагира и јавно демонстрира грев“.
Наведени се бројни библиски цитати меѓу кои и дека во царството Божје нема да влезат „блудници, прељубници, крадци, користољубиви луѓе, пијаници…“
Тие кои сакаат вечно спасение, треба да искажат одговорност спрема својот живот на земјата. Црквата не одобрува организирање на парадата бидејќи смета дека тоа е опасност за доброто воспитување на децата, ги руши вредностите на традиционалното семејство.