Во Белград средба Николиќ – Братушек

Од:

Српскиот премиер Томислав Николиќ на денешната средба со словенечката премиерка во оставка Аленка Братушек доби уверување дека Словенија во соработка со Франција и Европската унија ќе учествува во подготовката за донаторската конференција за помош на настраданите во поплавите во регионот.

Конференцијата најверојатно ќе се одржи на 16. јули.

Николиќ се заблагодари за ангажманот на Словенија да организира конференција за помош на Србија и на Босна и Херцеговина.

Претходно, Братушек и српскиот премиер Александар Вучиќ потпишаа писмо за намери меѓу двете влади во областа за заштита од природни и други катастрофи. Братушек и Вучиќ вчера разговараа и за иднината на Јужен поток.

Вучиќ наведе дека Србија не се откажала од Јужен поток и оти проектот не зависи од неа.

Братушек во Белград допатува по посетата на БиХ, каде главна тема на разговорите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тешка сообраќајна несреќа во Србија: загина тинејџер, 36 повредени

Катерина Ѓуровски

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници