Енди Мареј го освои првиот US Open, откако го победи Новак Ѓоковиќ со 3:2, по сетови 7:6(10), 7:5, 2:6, 3:6, 6:2 по скоро пет часа игра.
Шкотскиот тенисер го освои првиот Грен слем во кариерата по четири порази во големите финалиња и стана првиот Британец кој го направил тоа, по Фред Пери во 1936-та година.
Голема улога во финалето имаше и силниот ветер кој дуваше во првите два часа. Мареј многу подобро се справи со ситуацијата и поведе со 2:0.
Српскиот тенисер ги доби наредните два, но во 5-от сет Мареј беше подобар и заслужено дојде до првиот Грен слем трофеј.
Британецот имаше 31 винер и 56 неизнудени грешки, додека Новак покрај 40 директни поени имаше 65 грешки.