Јапонија конечно донесе закон, со кој се забранува поседувањето детска порнографија и со тоа се придружи кон другите развиени земји, кои ја имаат воведено таа забрана.
Горниот дом на јапонскиот Парламент изгласа денеска закон, со кој се забранува поседување на недолични фотографии и снимки со деца под 18 години, но со законот не се опфатени и комичните јапонски стрипови (манга) и анимациите.
Според новиот закон, секој „кој поседува детска порнографија со цел задоволување на сопствените сексуални желби“ ќе биде соочен со казна затвор од една година или парична казна од 9.800 долари.
Јапонија беше единствена членка на Групата седум најравиени земји (Г7), во која поседувањето детска порнографија беше легално, што е забрането и казниво во повеќе од 70 држави.
Активистите за заштита на правата на децата одат понатаму и нагласуваат дека треба да се забранат и стриповите, анимациите и компјутерските содржини, во кои често има детско сексуално искористување.