Момче преживеа струен удар од 6.000 волти

Од:

Единаесетгодишниот Натан Ватовиќ од српското село Велики Извор, за чудо преживеа струен удар од 6000 волти и ја избегна смртта. Ударот се случил, откако се качил на трафостаница, која се наоѓа во училишниот двор.

-Сега сум добро, само малку ме пецка раката. Зошто не ја оградат онаа трафостаница за да може децата да и приоѓаат, вели овој ученик од четврто одделение.

Момчето од ударот се здобило со изгореници од втор степен на рацете и нозете.

-Не е зафатена голема површина од кожата, туку само местата на кои струјата влегла и излегла од телото. Тој закрепнува и очекуваме во најскоро време да ја напушти болницата- вели директорката на Клиниката за детска хирургија и ортопедија во Клиничкиот центар во Ниш, Анѓелка Славковиќ.

-Еден негов пријател вели дека се качил на трафостаницата за да се фотографира, друг дека сакал да види гнездо, бидејќи многу ги сака птиците. Тој вели дека не се сеќава, но во овој момент најважно е да закрепне -вели неговиот татко, Сретен Ватовиќ,

Тој додаде дека дал согласност на адвокат да поднесе тужба против електродистрибуција Зајечар, училиштето, но и против обвинителството и полицијата, пренесе „Блиц“.

-Трафостаницата е одалечена 25 метри од училиштето и 15 метри од игралиштето. Не е заштитена, ниту оградена и нема никакво предупредување дека децата не смеат да се качуваат на неа. Полицијата ќе ја тужам бидејќи не излезе на терен и не изврши увид по настанот, нагласува тој.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тешка сообраќајна несреќа во Србија: загина тинејџер, 36 повредени

Катерина Ѓуровски

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници