Најдоброрангираниот македонски тенисер Димитар Грабул со победа го почна фјучрс турнирот во Лимелете, Белгија. Тој во првото коло попладнево го победи Германецот Иво Мијиќ со 2:0 во сетови. По сетови мечот Грабул го доби со 6-4 и 6-2.
Во следното коло квалификантот Максим Хинисдаелс од Белгија ќе му биде противник на македонскиот тенисер.