Демонстранти во североисточниот бразилски град Напал го запалија американското национално знаме во близина на стадионот, каде се одигра натпреварот меѓу САД и Гана на Светското фудбалско првенство пред очите на американскиот потпретседател Џо Бајден.
Учесниците во протестот, чиј број изнесуваше неколку десетици лица, го запалиле и знамето на ФИФА, извикувајќи пароли против империјализмот.
Демонстрантите беа запрени од полицијата на контролниот пункт на околу два километра од стадионот и повеќе не предизвикувале проблеми.