Турското МНР им препорача на турските граѓани да ја напуштат ирачката провинција Басра

Од:

Турското Министерство за надворешни работи им препорача на турските граѓани итно да ја напуштат ирачката провинција Басра.

Во соопштението на Министерството, објавени доцна синоќа, се наведува дека поради континуираното и се позасилено насилство во Ирак, Турција одлучиа да направи повторна оценка на ситуацијата во Басра, која не беше вклучена во претходниот список со ирачки провинции, кои се сметаат за опасни.

Министерството минатата недела им препорача на турски граѓани за што е можно пократко време да ги напуштат провинциите Ниневија, Киркук, Салах ал Дин, Дијала, Анбар и Багдад.

Турскиот заменик министер за надворешни работи во меѓувреме изјави дека Турција испраќа хуманитарна помош за ирачките градови, кои се погодени од насилството.

Кору, кој говореше синоќа на прес-конференција во Анкара, додаде дека Турција достави хуманитарна помош најмногу за ирачките региони, населени со Туркмени.

Турската Дирекција за управување со несреќи и вонредни ситуации почна да испраќа шатори и храна за Ирак, изјави вчера и министерот за надворешни работи Ахмет Давутоглу.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ