Во Скопје денеска ќе биде промовирана книгата раскази „Нова приказна“ од Мерсиха Исмајлоска во издание на „БРАН“ од Струга.
Промотори ќе бидат Александра Јуруковска и Петко Шипинкароски. Извадоци од делото ќе читаат Нола Исмајлоска и Елида Бахтијароска.
Мерсиха Исмајлоска е родена во Струга. Магистрирала на тема од компаратистиката, теоријата на филмот и визуелните уметности, на која дисциплина е и докторант при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, Скопје.
Работи како предавач-асистент на Универзитеот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ Охрид.
Добитник е на наградата „Книжевна далга“ на „Струшките книжевни средби“ – 2013 година. Учесник е на повеќе научни конференции, симпозиуми, трибини и други собири од областа на културата, науката и уметноста.