Семинари за инклузија на децата со посебни потреби

Од:

 „Инклузија на децата со посебни потреби во училиште и релевантни статегии за применета бихејвиорална анализа (АБА)“ и „Учење на вербално однесување на аутистични и други деца со посебни потреби, со лесни и умерени сознајни говорни нарушувања“ се темите на семинарите што ќе се одржат денеска во Гевгелија.

Тие се одржуваат во рамки на проектот „Програма за целосна социјализација на децата со посебни потреби во нивните заедници“, финансиран од Европската Унија, кој го спроведуваат Фондацијата „Аполонија“ од Гевгелија и МНЗА „Македонското научно здружение за аутизам“.

Главната цел на проектот е да се зголеми социјалната интеграција и развојот на децата со посебни потреби во 4 општини од Југоисточниот регион: Гевгелија, Дојран, Валандово, и Богданци.

Предавачи на овој семинар ќе бидат претставници на „Монороди“ едукативниот центар за аутизам од Атина, Грција – м-р Ана Плеса Кафантари – специјализиран психолог за применета бихејвиорална анализа и д-р Игнатиос Кафантарис – лекар, детски психијатар

Еден од семинарите е наменет само за дефектолози кои секојдневно работат со децата со посебни потреби, а на семинарот за применетата бихејвиорална анализа (АБА) ќе присуствуваат и наставници, стручни соработници и родители на деца со посебни потреби.

Овој проект е финансиран од Европската Унија преку Европскиот инструмент за демократија и човекови права, со 77.000 евра. 

Би можело да ве интересира

Владата дава еден месец попуст од 10 до 15 отсто за моливи, боици, ранци, тетратки…

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование