Одбележана 71-годишнината од стрелањето на 12-те младинци од Ваташа

Од:

На спомен-обележјето во спомен паркот Моклиште кај Ваташа денеска беше одбележана 71-годишнината од стрелањето на 12-те ваташки младинци.

Пред многубројните присутни кои дојдоа да оддадат почит на стреланите младинци говореше професорот по историја Мики Камчевски.

– Селото Ваташа во текот на својата многувековна историја има дадено плејада револуционери и борци за слобода на својот народ кои со своите дела го одбележаа времето во кое што живееја. Ова тиквешко село со право може да се нарече не само револуционерен, туку и културно просветен центар на Тиквешијата, бидејќи истото даде голем број преродбеници и просветители, како во постарата така и во поновата историја на овој крај, нагласи Камчевски.

Во рамки на одбележувањето на 71-годишнината од стрелањето на младинците од Ваташа голем број делегации положија цвеќе на спомен обележјето во Моклиште.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: Османи да ја покани Марија Габриел да клекне пред споменикот на убиените деца во Ваташа и да побара прошка

A1on

Се реконструира и уредува Домот на културата во Ваташа

Ана Ололовска

Дванаесет дрвца туја ќе бидат посадени во Спомен паркот на 12 стрелани младинци во Ваташа

Ана Ололовска

Кавадарци одбележува 148 години од отворањето на Народно читалиште во Ваташа

Ана Ололовска

Одбележани 74 години од стрелањето на Ваташките младинци

Ана Ололовска

Сто години од смртта на Димитар Пинџуров од Ваташа

Ана Ололовска