„Балканкан“ на Дарко Митревски во Токио

Од:

Филмот „Балканкан“ на режисерот Дарко Митревски синоќа беше прикажан на престижниот Универзитет „Токио“. Филмот беше прикажан во рамки на презентацијата на македонската кинематографија.

Денот посветен на македонската кинематографија е дел од двонеделниот симпозиум на тема „Филмови од земјите од поранешната Југославија“, кој го организира Асоцијацијата за проучување на југословенската кинематографија, составена од видни професори од повеќе универзитети во Јапонија.

Проекцијата ја отвори вршителот на должноста амбасадор на Република Македонија во Јапонија Иван Каранфиловски. По проекцијата преку видео-конференциска врска од Скопје во отворена дискусија се вклучија продуцентот на филмот Робет Насков и Андријана Цветковиќ, која ќе биде првиот резидентен амбасадор на Република Македонија во Јапонија. Цветковиќ, која и самата е член на асоцијацијата, навести уште многу културни претставувања на нашата држава во Јапонија.

Би можело да ве интересира

На „Браќа Манаки“ преставени кинематограферите Јошио Китагава, Азамат Дулатов и Јошико Такано

Почесна „Златна Камера 300“ за Јанаки Манаки од ИФФК „Браќа Манаки“

Предраг Петровиќ

Ридли Скот најави нов филм и ја воодушеви публиката: „Веќе имам идеја за продолжение“

Предраг Петровиќ

„Бизнисот на задоволството“ почна да се прикажува пред македонската публика

Серија која го сруши рекордот на Еми наградите, гледачите ја споредуваат со „Игра на троновите“

ВИДЕО: Жена се затрча кон Анџелина Џоли, обезбедувањето веднаш реагираше