Трет пораз за кошаркарките на Македонија во квалификациите за ЕП 2015

Од:

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија го претрпе и третиот пораз во квалификациите за Европското првенство 2015 година.

Во рамките на 3.коло Македонија загуби на гостувањето кај Белгија со 94:66 (22-20; 27-9; 29-20; 16-17).

По речиси изедначената прва четвртина која домашните кошаркарки ја добија со 2 поена разлика, во следната Белгија направи разлика од 18 поени и практично ја обезбеди победата. Единствено во последната четвртина нашите кошаркарки резултатски беа поуспешни.

Во редовите на Македонија Криси Тијана Гивенс со 20 поени беше најефикасна, Анжелика Митрашиновиќ постигна 16, а Ивана Кметовска беше на чекор до „дабл – дабл“ ефект 10 поени и 9 скокови.

Во следното коло Македонија на домашен терен игра против Литванија на 18 јуни.

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ

Европскиот првак го напаѓа Фенербахче без тројца играчи

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ