Кривична пријава за фалсификување патна исправа

Од:

Полицијата поднесе кривична пријава против 27-годишниот И.А. вработен како референт за патни исправи во Одделот за граѓански работи за сторени кривични дела „фалсификување на исправа“ и „злоупотреба на службена положба и овластувања“.

Кривична пријава е поднесена и против косовскиот државјанин И.В. (51) за сторено кривично дело „фалсификување на исправа“.

Пријавените делото го сториле така што косовскиот државјанин стапил во контакт со непознато лице кое му ветило дека за сума од 1.500 евра, ќе му обезбеди изработка на оригинална македонска патна исправа, со која непречено ќе може да патува во земјите на Европската Унија. Во текот на јули 2012 година, И.В заедно со непознатото лице од Косово се сретнале со И.А. кој го зел пополнетото барање на кое биле внесени податоци од друго лице, кое е иселено од Македонија од 1982 година и извршил фотографирање и земање на папиларни линии од косовскиот државјанин.

Од 16 јули 2012 година до 10 јули 2014 година, И.В. ја користел македонската патна исправа за влез и излез во Македонија и во други држави.

На почетокот на месецов, од страна на полициските служби на Косово е доставено барање до македонската полиција дека се води истрага за И.В. и доколку тој се пријави за влез во Македонија, да се изврши негова проверка.

На 10 овој месец, на граничниот премин Долно Блаце, И.В. се обидел да влезе во Македонија, но бил задржан. Во текот на разговорот утврдено е дека тој поседувал и македонска патна исправа, која е побарана на увид и по откривањето на делото, тој е лишен од слобода.

Би можело да ве интересира

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи