(ВИДЕО) Милчин: Пркосот не е исклучок, туку е правило

Од:

– Македонија не била секогаш најтемниот вилает на Балканот. Во СФРЈ се говореше дека БиХ е темниот вилает, но тоа почна со време да се шири и за Македонија. Но тоа не било парче од некогашна Југославија во кое немало пркос – изјави режисерот и извршен директор на фондацијата „Отворено општество – Македонија“ Владимир Милчин.


Претставувајќи ја состојбата во општеството, Милчин го сподели впечатокот на еден новодојден амбасадор во Македонија, кој изјавил дека сите луѓе со кои се сретнал се апатични.
Зборувајќи за граѓанскиот пркос во Македонија и правејќи паралела на минатото со сегашноста, тој посочи 3 примери во кои Македонците му пркоселе на системот.

– Најдолгиот штрајк во некогашна Југославија се случил во Македонија, во градот Кратово, а и во тоа време владеел претседателот на Социјалистичката партија Македонија, Љубислав Иванов – Ѕинго. Штрајкот траел 42 дена, а бил организиран од работниците на фабриката „Иднина“, кои одбивале и се спротивставувале на одлуката да станат дел од фабриката „Силекс“, како дел од империјата на Љубислав Иванов – Ѕинго. И тогаш се употребуваа истите методи. Имаше штрајк брејкери, ембарго за пристап на новинари од други делови на Југославија, имаше етикети. Се обидов со тогашниот директор на „Иднина“ да стапам во контакт, но морал да се одсели поради притисоците и сега живее во Германија. Но, не било секогаш вака апатично. Речиси половина од штрајковите во некогашна Југославија се случиле во Македонија, вкупно 140 – изјави Милчин.
Вториот пример на граѓански пркос, како што вели Владимир Милчин се случил во летото 1987 година во Вевчани.

– Акцијата почна од Струга, и продолжи со специјалци, со електрични пендереци кои за прв пат беа употребени врз жени и деца. Тоа беше голем инцидент, една демонстрација на сила, јас се затеков после неколку дена во Охрид, отидов во Вевчани и можам да кажам дека она што се случуваше во Вевечани, се работеше за битка за вода. Власта сакаше да им подметне дека тие не сакаат да ја делат водата со муслиманското населени од соседното село. Вевчанци ја тераа работата со години. Вевчанци постигнаа да бидат осудени тие што ја потераа акцијата – изјави Милчин.

Во однос на организирањето на Вевчанскиот карвевал, Милчин вели дека дури ни властите во едноумието не успеале да го инструментализираат карневалот, како што тоа и успева денешната власт. Според него, Вевчанскиот карневал повеќе не е изблик на слободниот дух, туку место од кое се шири омраза.

Третиот пример, се однесува на 1980 – та година, по смртта на Тито.

-Во театарот во Битола работев сатирична комедија, од хрватскиот автор, Иво Брешан. Ние го истеравме до крај, но пред генерална проба ни дојде во визита Комисија од СКМ. Тие во една сала ги собраа актерите и мене, и почнаа со интересна обработка на актерите. Зашто не сакаа да ја забранат, ќе беше голем скандал, почнаа да ги убедуваат актерите дека хрватскиот автор напишал текст, кој режисерот – односно јас, шверцувам нешто опасно и деструктивно. Актерите кажаа – вие мислите дека ние сме овци и дека може да не манипулираат?

Ако правам споредба меѓу ова денес и тогаш, полесно се живееше, имаше помалку интрвенции и брутолност. Пркосот не е исклучок, туку е правило – изјави Милчин.

Петар Клинчарски

Би можело да ве интересира

Невремето без струја го остави целиот дебарски регион

Предраг Петровиќ

Го претепа кучето со метална шипка по глава само затоа што извршило нужда пред капијата

Предраг Петровиќ

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

Намалена видливост поради магла од 80 до 100 метри на планинските превои Стража, Маврово, Плетвар и Ѓавато

Попов: Со новиот буџет има повеќе пари за повисок младински стандард

Алијанса за Албанците: Директорот Мемеди призна дека продолжува да го загрозува здравјето на децата во клиниката