Аранч: До крајот на јуни ќе објавиме наш кандидат за претседателските избори

Од:

Вицепремиерот Булент Аранч нагласи дека во крајот на овој месец владејачката Партија на правдата и развојот ќе соопшти кандидат за претседателските избори во август.

Ниту Партијата на правдата ниту опозициските досега не објавиле свои кандидати за изборите.

Се очекува според турски медиуми, владејачката партија да го кандидира премиерот Реџеп Таип Ердоган.

Аранч синоќа напомена дека изборната комисија објавила дека 3 јули е крајниот датум за официјално поднесување кандидатури за претседателските избори. На претседателските избори на 10 и 24 август за првпат претседател на државата ќе се бира на непосредни избори.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ