Економијата и отворањето нови работни места остануваат во нашиот фокус. Токму затоа, новиот состав на Владата е дополнително засилен со двајца нови министри чија примарна задача е привлекување на инвестиции, истакна премиерот Никола Груевски во обраќањето на 23-тата годишна конференција на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.
– Точно знаеме што сме ветиле и нагласувам дека секој член од оваа влада знае дека од ветеното не смее да има отстапување. Мора да се вложат и последните атоми од силата да се реализира она што сме го ветиле. Тоа што е ветено нема назад, тоа е нашата девиза и така ќе продолжиме. Мора да се испорача ветеното. Тоа е нашата работа сега, рече Груевски.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ потенцира дека продолжува интересот на странските инвеститори за вложување во Македонија.
– Очекуваме реализација на повеќе инвестиции. Секоја недела примам виски претставници на крупни корпораци кои се дојдени да испитаат што е тоа што во последно време почнува да ја прави Макеоднија хит меѓу инвеститорите и покрај тоа што земјата не е членка на ЕУ и НАТО. Заинтересираните инвеститори по средбите со мене одат да разгледуваат локации. Тоа потврдува дека оваа земја, овој народ има иднина, невработеноста ќе продолжи да се намалува со посилно темпо, рече Груевски.