А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Владата распиша оглас за 379 раководни позиции

by А1он14/06/2014 - 13:28125
Share0

Владата распиша оглас за ангажирање на 379 лица за раководни позиции во државната управа и за членови во управните и надзорните одбори.

Следете a1on на Instagram Instagram

Огласот се однесува за 159 раководни позиции во државната управа меѓу кои пет амабасадорски места, осум воени аташеа, 15 позиции на државни секретари во министерствата, над 20 директорски места на централни и државни органи, како и дваесетина позиции на директори на научни установи. Покрај ова распишан е и оглас за над 220 членови на управни и надзорни одбори во државни агенции, јавни претпријатија, клиники и тн.

Владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев денеска на прес-конференција иформираше дека огласот е веќе објавен во дневните весници и ќе трае до 30 јуни.

– Ова е најголем оглас кој било кога е распишан за обезбедување на интерес на лица за ангажирање на раководни позиции. Огласот не е законска обврска на Владата, но нашата цел е да обезбедиме една мобилизација која ќе резултира со нов квалитет што ќе биде внесен од страна на лицата кои ќе се пријават и кои ќе имаат можност да раководзат со определени институции, потенцира Ѓорѓиев.

Следете a1on на Youtube YouTube

Тој нагласи дека при изборот нема да има никаков вид на протекционизам и оти сите кандидати ќе имаат еднакви шанси.

– Сите лица кои ќе се обидат да извршат влијание кое ќе води до некаков протекционизам, нема да бидат толерирани и тоа ќе се смета за негативна карактеристика. Наша цел е да се ангажираат лица врз основа на нивните знаења и професионалното искуство, нагласи Ѓорѓиев.

Огласот се однесува за позиции кои веќе се испразнети и за места чиј мандат на сегашните раководни лица истекува во текот на годинава или на следните две години.

Подетални информации за аплицирањето на огласот можат да се најдат на веб страницата на Владата на Република Македонија – http://www.vlada.mk/konkursi/ .

vlada

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски10/09/2026 - 09:1110/09/2026 - 09:45

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

Горан Наумовски09/09/2026 - 13:28

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски08/09/2026 - 14:1608/09/2026 - 15:12

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски06/09/2026 - 12:3006/09/2026 - 12:33

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

Горан Наумовски06/09/2026 - 12:12

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски06/09/2026 - 11:3906/09/2026 - 11:47
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео