Два пати овој месец авиони исчезуваат од радарите во Австрија

Од:

Австриската служба за безбедност на летовите во текот на овој месец регистрирала два случаи на ненадејно исчезнување од радарите на авиони во воздушниот простор на Австрија, пишува денеска весникот „Шпигел“.

Според весникот, кој се повикува на портпаролот на „Аустроконтрол“, Маркус Поханка, двата инциденти се случиле на 5 и на 10 јуни. Тогаш од мониторите на околу 25 минути исчезнале податоци за височината на летот, курсот, брзината и други информации за 13 авиони.

Според Поханка, можна причина за инцидентите се воените вежби на НАТО во Унгарија, но засега нема потврда за таа претпоставка.

По исчезнувањето на податоците авиодиспечерите итно воспоставиле радио врска со пилотите за да ги дадат точните координати. Ризиците за безбедност на патниците на авионите биле минимални.

За инцидентите била информирана и Европската агенциија за безбедност на летовите и организацијата за контрола на воздушниот простор „Евроконтрол“.

Авиокомпаниите, чии авиони исчезнале од радарите, не се соопштени.

Би можело да ве интересира

Фон дер Лајен: Европа има резерви на гас и покрај уцената на Путин

Русија ја прекина испораката на гас за Австрија поради спор околу плаќањето

Горан Наумовски

Пронајдено телото на двојниот убиец од Австрија по кого полицијата трагаше со денови

А1он

Пронајден е автомобилот на убиецот Роланд Дрекслер, полицијата интензивно трага по него

Австриската полиција трага по убиецот на градоначалникот на општина Кирхберг

Убиство во Австрија: Ловџија усмрти градоначалник