„ЛЕНКА“: Подршка за протестите, да се спречи алчното богатење

Од:

Движењето за социјална правда „ЛЕНКА“ дава безрезервна поддршка на едномесечните протести организирани од граѓанската иницијатива АМАН, насочени против константните поскапувања на енергенсите и рапидното опаѓање на животниот стандард на нашите сограѓани.

„За нас барањата на АМАН се целосно легитимни, оправдани и изводливи. Затоа јавно ги повикуваме сите свесни и совесни граѓани, пензионери и родители, работници и невработени, студенти и останати активисти да ни се приклучат и со своето лично присуство, секој вторник во 18:00 часот пред Порта „Македонија“, да придонесат кон омасовување на овој изблик на автентичен граѓански револт против екстра-профитите на претставниците на „енергетската мафија“, велат од „ЛЕНКА“.

„ЛЕНКА“ информира дека во оваа правична и демократска борба против неолибералистичкиот економски модел кој стимулира претерано богатство за едни, и претерана сиромаштија за други ги става на располагање на АМАН сите свои човечки и мaтеријални ресурси со кои располага, а се со единствена цел: заеднички да се спречи алчното богатење на корпорациите на сметка на осиромашувањето на народот!

„ЛЕНКА“, како бранител на правата на непривилегираните, отворено го повикува претседателот на Регулаторната комисија за енергетика да си поднесе неотповиклива оставка – како личен чин на морална и политичка одговорност за ова што ни се случува.

„ЛЕНКА“ во иднина ќе ги преземе сите правни и вонправни мерки кои стојат на располагање, вклучувајчи и методи на директна акција и законска граѓанска иницијатива, заради застанување на патот на овој нехуман процес на поскапувања, велат од „ЛЕНКА“.

Би можело да ве интересира

Бислимоски: Без 200 денари за мрежарина, граѓаните ќе имаа поскапи прв блок и евтина тарифа за 15 отсто

A1on

Плаќаме 33% поскап дизел, а се уште возимe најевтино на Балканот: Кои се цените на горивата во регионот

A1on

Регулаторна ја одзеде лиценцата на БЕГ

Предраг Петровиќ

Бислимоски теши, ама ни сам не знае дали резервите на нафтените компании се полни

Именувани претседател и тројца членови на Регулаторната комисија за енергетика

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Шилегов: ВМРО-ДПМНЕ е во тотален хаос – назначија двајца претседстели на Регулаторна

Ана Ололовска