Од утре почнува 47. Меѓународен семинар за македонски јазик и литература

Од:

Шеесет и пет стипендисти од 20 држави од утре ќе учествуваат на 47. Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура што ќе се одржува во Охрид.

За време на двонеделниот престој во Охрид, учесниците, меѓу кои има од САД, Канада, Финска и првпат од Азербејџан, ќе ги осознаваат и препознаваат знаењата за македонскиот јазик, литература и култура.

Покрај 65-те стипендисти, на семинарот ќе бидат присутни и 16 магистранти, пет докторанти и осум професори кои во своите истражувања работат на македонистиката.

– Оваа манифестација веќе се препознава по својата благородна и специфична мисија во ширењето на македонистиката во светот. Во рамки на тоа, Универзитетот веќе се повеќе смета дека оваа манифестација треба да се препознава како летен универзитет на македонистиката, истакна денеска на прес-конференција Славица Велева, декан на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“.

Предавањата ќе бидат во согласност со досегашните потреби и барања на стипендистите и се поделени на курс за лексикологија, семантика и фразеологија, курс по историско и културно наследство и курс за јазични вештини по македонски јазик.

– Само преку јазикот и културата се добиваат сите бенефити што ги има Македонија надвор од границите. Она на што работиме и треба да работиме како универзитет и како семинар е да привлечеме што повеќе учесници од високообразовните институции затоа што само на тој начин тие ќе можат да влијаат македонскиот јазик да стане составен дел од студиските програми на нивните универзитети, нагласи Велева.

Во рамки на семинарот традиционално ќе се одржи и 41. Научна конференција на која ќе присуствуваат 37 учесници  од кои 13 од странство.

Новина е тоа што по повод 65-годишнината на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) предвидено е да се одржи и Отворен ден на универзитетот.

Годинашниот семинар се поклопува со одбележувањето на 65-годишнината од основањето на УКИМ и 70-годишнината од АСНОМ и официјализирањето на македонскиот јазик како службен јазик во Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска