ВИДЕО: Раде Шербеџија се заблагодари за државјанството, Македонија му додели 500 илјади евра за филм

Од:

Познатиот хрватски актер, Раде Шербеџија денеска и официјално го добил македонското државјанство што му го издаде МВР на негово барање. Тој државјанството го добива како  национален интерес на Македонија во културата.

Шербеџија рече дека секаде во светот го препознавале по улогата на Александар во филмот „Пред дождот“, па државјанството му доаѓа многу природно

– Ова мое македонско државјанство е некако природен пат, што се однесува до мене и до Македонија и тој менталитет. Цел живот ја сакам таа музика и направив многу адаптации на тие песни, цел живот се дружев со моите пријатели од Македонија и бев особено заразен со таа драма Ослободување на Скопје од Душан Јовановиќ.

Министерката за култура, Елизабета Канческа Милевска смета дека Шербеџија е голем поддржувач на Македонија

-Сакам да му го честитам државјанството кое што еве денес ќе го земе од Министерството за внатрешни работи, верувам дека Раде е наш голем и силен поддржувач на Македонија, љубовта кон Македонија насекаде ја шири насекаде низ светот, тоа може да се види и во голем број филмови каде што учествувал, рече Канческа Милевска.

Филмскиот фонд на Македонија во 2012 година му додели на Раде Шербеџија 500 илјади евра за да го режира филмот „Ослободување на Скопје“. Ова е прв режисерски филмски проект на Шербеџија. Се работи за копродукција меѓу Македонија и Хрватска, (Lijeni Film). Продуцент од земјава е „ Партизанс“ и Роберт Насков. Филмот ќе почне да се снима на 1 септември, на локации во Македонија, главно во Битола. Една од главните улоги ги толкува Силвија Стојановска. Музикaта е на Влатко Стефановски.

-Драго ми е што и официјално можам да соопштам дека се почнати подготовките за снимањето на филмот, според драмскиот текст на Душан Јовановиќ, на сценариот работеа самиот Душан Јовановиќ, Раде Шербеџија, а во една фаза беше вклучен и Живоин Павловиќ. Целиот филм ќе се снима во Македонија, на македонски јазик ќе бидат вклучени голем број на филмски работници, млади актери и актери од повозрасната генерација. Цценограф ќе биде Иван Бартлинг, директор на фотографија ќе биде Дејан Димевски. Најголем број од локациите се во Битола, а дел ќе се снима и во Велес и во околината, рече Насков.

Тој најави и германски актери, но и познат актер од Исланд кој игра во холивудските филмови, но не го откри неговото име. Насков соопшти дека филмот ќе биде завршен во 2015 година.

Инаку, доделувањето на максималната сума која што може да се даде од државниот буџет 500 илјади евра, во 2012 година предизвика контроверзи бидејќи во правилата на Филмскиот фонд (сега Агенција за филм) оваа сума не може да се додели на дебитант режисер, а Шербеџија и покрај големото искуство како актер, досега не режирал филм.

 А.Б.

Би можело да ве интересира

На „Браќа Манаки“ преставени кинематограферите Јошио Китагава, Азамат Дулатов и Јошико Такано

Почесна „Златна Камера 300“ за Јанаки Манаки од ИФФК „Браќа Манаки“

Предраг Петровиќ

Ридли Скот најави нов филм и ја воодушеви публиката: „Веќе имам идеја за продолжение“

Предраг Петровиќ

„Бизнисот на задоволството“ почна да се прикажува пред македонската публика

Серија која го сруши рекордот на Еми наградите, гледачите ја споредуваат со „Игра на троновите“

ВИДЕО: Жена се затрча кон Анџелина Џоли, обезбедувањето веднаш реагираше